Вчера беше ден како ретко кој во поскоро време. Повторно ја осетив планината како во времињата на моето детство кога ја прогласував за мој втор дом (до душа тоа така и си остана до ден денес).
Со прекрасна екипа, опуштен амбиент, тивка еуфорија, и многу фото-спомени .
Останатото може да го погледате овде www. flickr.com/photos/zimskib
Фото екскурзија
април 26, 2010 · Нема коментари
→ No CommentsCategories: Патепис
За кого вијат (камбаните) во Бигорски
април 23, 2010 · 1 коментар
Кога сте изложени на рекламен рафал на секој чекор од современото животно крстарење, веќе некако и интуитивно ја сваќате пораката на рекламираниот субјект или производ.
Така на пример ако видите реклама за козметика, знаете дека пак ви се пласираат приказни за долга младост, нежна кожа и т.н.
Кога ќе ве блесне некоја реклама со полуголи и речиси голи невести знаете дека пак на некој козметички салон му смета масната наслага на вашиот газ.
Ако пак налетате на реклама со паранормална доза на сентименталност, со слики од рушевини како од војната во Босна и уплакани монаси.. точно така – поентата е да се обноват висечките градини на заветените на скромност и сиромаштија.
→ 1 CommentCategories: Некатегоризирано
Бигорски 2010
април 21, 2010 · Нема коментари
Бигорски 2010, пари со милиони, културна вредност – голема, духовна вредност – огромна.
Внатре живеат монаси, кои се заветиле на сиромашен живот, или барем поради одредени околности се задолжени да живеат околу многу материјални средства, но тоа не значи дека тие треба да постанат материјалисти.
Дел од манастирот изгоре. Би свадба – помина.
Се сврши, неможе да се врати назад!
Почнаа големите математики, кој колку што како! Милиони, толку чини обновата на манастирот! Реално, да, толку чини историската и материјалната вредност на манастирот, за коешто е должна државата да ги даде, зашто тоа е под нивна заштита како културен споменик. Духовната вредност не се пресметува во пари, но може да се пресмета дека таа духовна дејност (кое за самото братство кое живее таму, и народот кој оди да се црквува таму) може да се смести во далеку помали суми.
Математиката е таа! Мора да се премине на големите суми, зашто сепак, ете, историска вредност, културно наследство, неможе да се остави така, што и да е друго.
Keep reading →
→ No CommentsCategories: општество
ПОЕНТА
април 20, 2010 · 1 коментар
Не се плаши од празниот простор.
Голиот лист ти е пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, дури речиси расипнички.
Празниот простор е како си роден, пред да бидеш тоа што си постанал, и носи едно нешто заедничко со тебе – Идеја.
Празното место е твојата иднина, храброста на твојата рака да пишува е свесност и воља да испишеш она што било во лицето на она што си, за да исто толку свесно и исто толку храбро го дочекаш тоа што ти следи.
Ти си никој во иднина ако се плашиш од празниот лист хартија, ако од страв го пресушиш своето мастило.
Твојата иднина Е твојот страв.
Без разлика на тоа што минало, невидливите табли на твоето срце не се испишани се до апсолутно конечното утре.
Ти си едно и исто со празниоит лист се дури носите еден и ист плод – Идеја.
Ако се плашиш да го истетовираш белото поле пред тебе со своите мисли, немири и идеи, се плашиш од себе си од своите идеи, од своето идно време.
Стравот не е род со твојата смрт, нити болкатае со неа. Твојот страв е роден со можната болка од твоето идно време, од твојот празен простор, од твојата идеја.
Сам или во сродство со твојот запис, твојот страв е од болното раѓање нова идеја, нов лик за себе, породен врз празен лист хартија.
Твојот страв е празен простор, гол лист, твојата иднина, и твој пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, речиси расипнички.
Не се плаши, празниот простор ти е пријател, празниот лист е твој страв.
твојот страв, тоа е твојот пријател, кој ти се нуди како иднина, отоворено, евтино, голо и болно, речиси расипнички.
Не се плаши од својот страв..зграби го…тоа е идејата на празниот простор, на белата хартија, на твојата иднина.
Тоа е твојата идеја.
→ 1 CommentCategories: блогосфера
Попови и приоритети
април 15, 2010 · Нема коментари

Сосема е јасно дека никој во државава, па и надвор од неа, не остана рамнодушен на пожарот во Бигорскиот манастир. Навистина голема штета и катастрофа.
Но вториот дел од приказната е дека навистина можеби треба да ни биде повеќе жал за катастрофалната состојба во која се наоѓаат бигорските монаси, но не мислам на материјалната состојба, да не се лажеме тие никогаш не биле, и нема да бидат сиромашни, туку мислам на духовната беда која нема да им покријат огромните суми на пари, и секојдневните вести за нив во екслузив… Ламбе ова, Миле она, премиерот оноа, мислам може слободно да ги прогласиме, за најголеми естрадни ѕвезди во државава, кој најмногу заработуваат, само со кукање и рекламирање. Keep reading →
→ No CommentsCategories: општество








